„Никогаш не сум видел вакво нешто!“
ВО 1993, подружницата на Watch Tower Society во Аргентина беше замолена да испрати илјада делегати во Сантјаго (Чиле) на четиридневниот Обласен конгрес на Јеховините сведоци — „Божествена поука“. Ова беше првпат Сведоците од Аргентина да бидат поканети како поголема група на некој конгрес во странска земја.a Каков беше одзивот? Се собраа преку 8.500 молби, од кои беа избрани 1.039 делегати.
За ова патување, долго 1.400 километри, од Буенос Аирес до Сантјаго, беа закупени вкупно 14 автобуси. Спектакуларните пејзажи го разубавија 26–часовното патување. Преминувајќи ги Андите, делегатите поминаа близу Аконкагва — највисокиот врв во Западната хемисфера — висок 6.960 метри. Особено впечатливо беше стрмното кривулесто спуштање во Чиле. Шоферите добија великодушен аплауз за нивната вештина во совладувањето на предизвикувачкиот терен!
Меѓутоа, најпрекрасната глетка беше на самиот конгрес. Во еден свет на меѓунационални судири и расни тензии, колку освежувачки беше да се види едно обединето мноштво од 80.000 присутни, од 24 земји — навистина едно меѓународно братство! Кога од прва рака го видоа единството помеѓу конгресните делегати, некои од возачите на автобусите покажаа интерес да научат нешто повеќе за Јеховините сведоци. „Никогаш не сум видел вакво нешто!“, извикал еден од нив.
[Фуснота]
a Владините рестрикции во Аргентина од 1949 до 1982, таквиот потфат го направиле невозможен.