ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/2 стр. 32
  • Креативноста — благороден дар од Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Креативноста — благороден дар од Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/2 стр. 32

Креативноста — благороден дар од Бог

ЈЕХОВА се весели на своите креативни дела (Псалм 103:31). Неговото длабоко задоволство што произлегува од чинот на создавање е изразено во 1. Мојсеева 1:31: „И виде Бог дека е многу добро сѐ она што го беше создал“.

Јехова не ја задржал оваа радост само за себе. Тој му ја дал на Исус предноста да биде застапник, или средство, преку кое биле создадени сите други работи (Јован 1:3; Колосјаните 1:16, 17). Како „главен работник“, Исус бил исто така и „весел пред [Јехова] сето време“ (Изреки 8:30, 31, НС).

Но, креативната способност не постои само на небото. „Таа е вградена во човечкиот род“, пишува Јуџин Родсеп во својата книга How Creative Are You? (Колку си креативен?). Ова не е некаква коинциденција, бидејќи човекот бил создаден по Божја слика (1. Мојсеева 1:26). Според тоа, Јехова му подарил на човештвото задоволувачки креативни способности (Јаков 1:17).

Затоа, не е чудно што Библијата зборува мошне пофално за пеењето, играњето, ткаењето, готвењето, занаетчиството и другите креативни трудови (2. Мојсеева 35:25, 26; 1. Царства 8:13; 18:6, 7; 2. Летописи 2:13, 14). Веселеил, еден занаетчија, го искористил својот талент „да гради“ — да помага при градењето на шаторот за обожавање (2. Мојсеева 31:3, 4). Пастирот Јовила можеби бил пронаоѓач на шаторот — една креативна погодност за номадско живеење (1. Мојсеева 4:20). Давид не бил само музичар и композитор туку и изумител на нови музички инструменти (2. Летописи 7:6; Псалм 7:17; Амос 6:5). Маријам можеби направила кореографија за јубилејниот танц со кој се славело чудесното ослободување на Израелците преку Црвеното Море (2. Мојсеева 15:20).

Честопати креативноста е важен фактор во унапредувањето на вистинското обожавање. Исусовата креативност вклучувала илустрации и едноставни примери за да ја соопшти својата порака. Исто така, и неговите следбеници се поттикнати ‚напорно да се трудат во говорењето и поучувањето‘ (1. Тимотеј 5:17, НС). Да, нивното проповедничко дело не е само некаква рутина. Тоа е уметност која бара креативни методи на поучување (Колосјаните 4:6). Ова е особено битно кога се поучуваат децата (5. Мојсеева 6:6, 7; Ефесјаните 6:4).

На овој начин, Јехова ја споделува со другите радоста што му ја носи создавањето. Каков благороден дар!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели