Колку вреди една Библија?
БРИТАНСКАТА библиотека неодамна се согласи да плати скоро 1.600.000 долари за еден примерок на англискиот превод на Христијанските грчки списи од Вилијам Тиндејл. Тоа е единственото комплетно прво издание на Тиндејловата Библија, која успеала да ги преживее одлучните обиди да биде уништена, а била објавена пред 468 години. Оваа Библија била јавно изложена во Лондон.
Тиндејловата Библија била купена од Бристолскиот баптистички колеџ во Англија, каде што се чувала од 1784 година. Д-р Роџер Хејдин, заменик претседавач на одборот на колеџот, рекол: „Ова е национален, културен и христијански документ од огромна важност, кој сакавме да биде пошироко достапен, па затоа и го чувавме во визбите“.
Со векови Библијата била на располагање главно на латински и можеле да ја читаат само свештенството и школуваната елита. Како неговиот претходник, Џон Виклиф, така и Тиндејл сакал да направи Библија која ќе биде достапна и која ќе можат сите да ја читаат и да ја разберат. Тој еднаш му рекол на еден свештеник кој му се спротивставувал: ‚Ако ме поживее Бог за многу години, ќе направам детето кое ора да знае за Библијата повеќе од тебе‘.
Ова бил опасен потфат бидејќи свештенството жестоко се спротивставувало на секаков обид Библијата да се направи достапна за обичниот народ. Како последица на тоа, Тиндејл пребегал од Англија во Германија. Таму го превел „Новиот завет“, од изворен грчки. Биле отпечатени околу 3.000 примероци и биле прошверцувани во Англија. Бискупот од Лондон ги купил сите примероци до кои можел да дојде и јавно ги запалил во дворот на црквата св. Павле. На крајот, Тиндејл бил заробен, испитуван и осуден за ерес. Во 1536 година бил задавен и запален на столб. Колку е интересно тоа што Библијата која била толку многу омразена од свештенството, денес вреди толку многу!
Јеховините сведоци искрено настојуваат да им го посредуваат библиското спознание на сите кои го бараат. Покрај печатењето и дистрибуирањето на разни преводи, тие направиле и превод на комплетната Библија, од оригиналните јазици, кој е и точен и лесен за читање. Од овој New World Translation of the Holy Scriptures (Нов свет превод на Светото писмо) до 1995 година се издадени преку 74.000.000 примероци на 12 јазици. Се разбира, вистинската вредност на секоја Библија е нејзината животодајна порака.
[Слика на страница 32]
Вилијам Тиндејл
[Извор на слика]
Од една стара резба во Bibliothèque Nationale