ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/4 стр. 29
  • „Продавање сол“ во Мозамбик

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Продавање сол“ во Мозамбик
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/4 стр. 29

„Продавање сол“ во Мозамбик

ФРАНСИСКО КОАНА, член на земскиот одбор на Мозамбик, поминал десет години во „логори за превоспитување“. Тој го раскажува своето искуство: „Знаев дека ќе останеме овде некое време и затоа го прашав покраинскиот надгледник дали ќе може да продолжам како општ пионер. Но, тој ме праша како ќе успеам да посветам доволно време на јавната служба, кога скоро сите во логорите се Јеховини сведоци. Реков дека, за да најдам луѓе на кои ќе им проповедам, ќе одам до Миланж, еден град оддалечен 47 километри.

Иако службено не ни беше дозволено да го напуштаме логорот, ова правило не беше строго спроведувано. Се сеќавам како одев во грмушките, ќе клекнев долу и се молев за мудрост како да им проповедам на луѓето од местото. Јехова наскоро одговори.

Се поврзав со еден човек кој имаше велосипед и со него склучив договор. Тој се согласи дека ако му ги обработам неговите седум и пол декари земја пред да дојде дождливата сезона, ќе ме исплати со тоа што ќе ми го даде својот велосипед. Така, секое утро ги обработував неговите полиња. Јехова ја благослови оваа подготовка, бидејќи на крајот го добив велосипедот.

„Како резултат на тоа, бев во можност да дојдам до големиот град Миланж и ефективно да ја извршувам мојата пионерска служба на ова плодно подрачје. Бидејќи нашето дело беше под забрана, требаше да направам план како да им ја претставам вистината на луѓето. Со книги и списанија пикнати под кошулата, зедов малку сол во торбата и тргнав да продавам. Наместо да ја продавам за 5 метикали, јас барав по 15 метикали. (Ако беше премногу ефтино луѓето ќе ја купеа целата сол и ќе немав повеќе што да продавам за да можам да проповедам!) Моите разговори се одвиваа отприлика вака:

‚Добар ден! Еве денес продавам сол‘.

‚Колку чини?‘

‚Петнаесет метикали.‘

‚Не, не. Тоа е прескапо!‘

‚Да, се согласувам дека е скапо. Но, ако мислите дека сега е скапо, почекајте само малку и ќе биде уште поскапо. Знаете ли дека ова е проречено во Библијата?‘

‚Никогаш не сум го прочитал тоа во мојата Библија.‘

‚Да, тоа го пишува таму. Донесете ја својата Библија, и дозволете ми да ви покажам.‘

Потоа ќе следеше конверзација на темел на неговата Библија, а мојата ќе ми останеше под кошулата. Ќе се осврнев на 6-тото поглавје од Откровението, во врска со критичните услови и недостатокот на храна. Кога ќе наидев на некаков поволен одговор, ќе ја извадев книгата Вистина која води до вечен живот или Good News to Make You Happy (Добра вест која усреќува) и ќе започнев редовна библиска студија.

Како резултат на тоа, бев во можност во Миланж да формирам група од 15 заинтересирани. Но, не помина долго време пред властите да нѐ откријат. Еден ден, додека водев една библиска студија, полицијата ненадејно упадна и нѐ уапси. Сите бевме одведени во локалниот затвор, вклучувајќи ги и малите дечиња од семејството. Откако поминавме таму еден месец, повторно нѐ вратија во логорот“.

Овие искуства не ја намалиле ревноста на нашиот брат. Напротив, Франсиско и неговото семејство, заедно со илјадници други браќа кои биле во логорите, сега слободно вршат обожавање и слободно проповедаат во Мозамбик.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели