Еден научник е импресиониран од New World Translation
СПОРЕД научникот за класичен грчки јазик, Д-р Рикел тен Кат, холандските преводи на Библијата не преведуваат прецизно некои зборови. На пример, Во Лука 2. поглавје наоѓаме три различни грчки збора (бре́фос, паиди́он и паис) употребени за да ги опишат последователните етапи од Исусовото растење. Секој од овие зборови има различна нијанса на значење. Меѓутоа, во многу Библии, два или сите три збора неодредено се преведени со „дете“. Кој е исправниот превод?
Д-р тен Кат објаснува дека во 12. стих, грчкиот збор бре́фос значи „новороденче или бебе“. Во 27. стих е употребен паиди́он, што значи „момченце или дете“, а во 43. стих се наоѓа зборот паис, што треба да се преведе со „момче“. „Колку што ми е познато“, напишал Д-р тен Кат во изданието на Bijbel en Wetenschap (Библијата и науката) од март 1993, „ниту еден холандски превод не го преведува овој збор соодветно, т.е. во потполна согласност со оригиналниот текст.“
Подоцна, на Д-р тен Кат му бил покажан New World Translation of the Holy Scriptures (Нов Свет превод на Светото писмо), кој е достапен на 12 јазици, вклучувајќи го и холандскиот. Каква била неговата реакција? „Многу сум изненаден“, рекол тој, „што сепак постои една холандска Библија во која исправно е земена предвид различната употреба на трите грчки збора бре́фос, паиди́он и паис.“ Дали New World Translation of the Holy Scriptures ги преведува овие стихови во согласност со оригиналниот грчки текст? „Во потполна согласност“, одговара Д-р тен Кат.