ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/5 стр. 32
  • Монети кои го носат Божјето име

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Монети кои го носат Божјето име
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/5 стр. 32

Монети кои го носат Божјето име

ПОГЛЕДНИ ги внимателно сребрените монети прикажани овде. Тие биле ковани од германскиот монарх Вилхелм V, за време на неговото владеење од 1627 до 1637. Во тоа време, Централна Европа била во стисокот на Триесетгодишната војна — борба помеѓу католиците и протестантите. Вилхелм V се приклонил кон протестантското движење. За да го подмири енормно високиот трошок за конфликтот, тој го зел сето свое сребро и од него исковал монети.

Занимливо, на повеќето пари било испишано Божјето име — Јехова — во вид на Хебрејскиот Тетраграматон, опкружено со сонце. Има и палма, која симболизира јачина. Подлабокото значење е дека дрвото, иако свивано од ветрот, останува нескршено под Божјата заштита. Латинскиот натпис на монетата го содржи името Јехова и изразува доверба во неговата заштитничка грижа.

Наместо да ја повика на помош Божјата заштита, ваквата употреба на Божјето име била навистина залудна, бидејќи Јехова не стои на ничија страна во насилничките конфликти на човештвото. Навистина, Триесетгодишната војна никако не можела да има Божје одобрување. „Според конзервативните проценувања“, вели Funk & Wagnalls New Encyclopedia, „повеќе од половината од германскиот народ изгинал во војната. Безброј германски градови, гратчиња, села и фарми биле потполно уништени. Приближно две третини од занаетчиските, земјоделските и трговските објекти на Германија биле во урнатини.“

Употребата на името Јехова на овие монети потсетува на заповедта дадена на Израел: „Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог“ (2. Мојсеева 20:7). Сепак, овие монети сведочат дека божественото име, Јехова, уште одамна им било познато на луѓето во Германија. Колку добро го познаваш Богот кој го носи тоа име?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели