ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/7 стр. 32
  • „Вон границите на разумот“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Вон границите на разумот“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/7 стр. 32

„Вон границите на разумот“

„БИДЕЈЌИ војните почнуваат во мислите на луѓето — во мислите на луѓето треба да подигнеме бедеми на мирот“ (Повелба на Организацијата за образование, наука и култура при ОН). Со оваа изјава во мислите, во 1993, преку 500 експерти присуствуваа на конференцијата на ОН за разоружување, разгледувајќи ја притоа улогата на религијата во градењето на вакви бедеми.

Конференцијата ја водеше Џонатан Граноф, претставник на Сојузот на правниците за светска сигурност. Тој забележал: „Големината на сегашниот религиозен и етнички конфликт е вон границите на цивилизираното однесување, а веројатно и вон границите на разумот“. Во текот на конференцијата зборовите на Џон Кенет Гелбрејт биле соодветно цитирани: „Во име на религијата биле убиени повеќе луѓе отколку во сите војни и природни катастрофи заедно“.

Д-р Сешагири Рао рекол: „Од лекарите се очекува да лечат, а не да шират болести. Од религиозните традиции не се очекува да шират омраза и насилни конфликти едни против други. Тие би требало да бидат сили на помирување. Меѓутоа, во пракса тие често функционирале и сѐ уште функционираат како сили на раздор“.

Пред неколку години, лондонскиот весник Catholic Herald коментирал дека мирот може да биде загарантиран „ако црквите на денешницата би можеле да објават здружена осуда на војната“. Меѓутоа, весникот додал: „Знаеме дека ова нема никогаш да се случи“. Една католичка калуѓерка еднаш коментирала: „Колку поинаков би бил светот кога еден ден би се разбудиле сите цврсто решени никогаш повеќе да не креваме оружје, . . . токму како Јеховините сведоци!“

[Извор на слика на страница 32]

Tom Haley/Sipa Press

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели