Дали Бог владее со светот?
НЕДЕЛА наутро е. Многу луѓе стануваат од креветот, се облекуваат, појадуваат, и брзаат в црква. Таму слушаат проповед за тоа како Бог надмоќно владее над Земјата, без соперник во власта. Кажано им е дека тој многу се грижи за луѓето. Се спомнува и Исус Христос. Тие можеби слушаат дека тој е Цар над царевите пред кого секое колено покорно клекнува.
Кога ќе си дојдат дома од црква, овие луѓе можеби ќе го вклучат телевизорот и гледаат вести. Сега слушаат за глад, криминал, злоупотреба на дрога и сиромаштија. А гледаат и патетични сцени на болест и смрт.
Ваквите поединци можат да почнат да се прашуваат за работите што ги слушнале во црквата, особено за работите кои таму никогаш не биле разјаснети. Ако Бог е полн со љубов и семоќен, зошто тогаш се случуваат овие ужасни работи? А како е со Исус Христос? Очигледно има многу колена кои не му се покоруваат.
[Слика на страница 3]
Ако Бог владее со светот, зошто тогаш има толку многу страдања и немири?
[Извор на слика на страница 2]
Насловна страница: Фотографија на НАСА