Трансфузиите на крв повторно испитани
ВО ОВА мрачно време на СИДА-та, најголемата закана за здравјето на пациентот кој се наоѓа во болница, може да демне во операционата сала. „Не постои начин на кој залихите со крв би можеле да ги направиме потполно стерилни“, вели д-р Ричард Спенс, кој повеќе од една деценија раководел со Центарот за бескрвна хирургија при Универзитетскиот болнички медицински центар Купер во Камден (Њу Џерси, САД).
Не е ни чудо што центарот лекува многумина Јеховини сведоци, чиешто библиски темелено одбивање на трансфузија на крв е добро познато (3. Мојсеева 17:11; Дела 15:28, 29). Меѓутоа, загрижени поради потенцијалните опасности од трансфузија на крв, во кои спаѓаат заболување од хепатит, СИДА и други болести, во центарот доаѓаат на лекување и приличен број пациенти кои не се Сведоци. „Порастот на случаите на СИДА ја наметнал потребата за проверување на крвта“, забележува Courier-Post Weekly Report on Science and Medicine. „Но, некои случаи сѐ уште можат да се провлечат неоткриени во процесот на проверување на крвта, бидејќи некој може да го има вирусот пред да може да се открие со тестот.“
Поради ваквите опасности, Центарот за бескрвна хирургија користи алтернативни методи на трансфузијата на крв, вклучувајќи ја и реинфузијата на сопствената крв на пациентот — постапка на која, под извесни услови, некои Сведоци може да немаат приговор.a Еден друг третман ја вклучува употребата на дроги кои го стимулираат производството на крв кај пациентот. Освен тоа, повремено се користи и синтетичка замена за крв за да се помогне пренесувањето на кислород, без да има потреба од трансфузија на крв. „Јеховините сведоци ја сакаат најдобрата медицинска нега“, вели д-р Спенс, „но, тие бараат алтернативни методи на трансфузијата.“
Јеховините сведоци се благодарни за соработката и за помошта што ја добиле од докторите кои ги почитуваат нивните религиозни убедувања. Како резултат на тоа, тие навистина ја добиле „најдобрата медицинска нега“ и задржале чиста совест пред Јехова Бог (2. Тимотеј 1:3).
[Фуснота]
a Подробна дискусија за овој процес, како и за факторите кои се вклучени во донесување на лична совесна одлука, изнесени се во Стражарска кула од 1 март 1989, страници 30 и 31 (англ.).