Заклучен случајот против Јеховините сведоци
ПО ЧЕСТИТЕ одлагања, Апелациониот суд во Солун (Грција), конечно се состана на 8 јуни 1995 година за да расправа за случајот против четири жени Јеховини сведоци. Какво обвинение беше изнесено против нив? Прозелитизам, кого грчкиот закон го забранил пред повеќе од пет децении.
Меѓутоа, додека судот се состана, главниот сведок за судското гонење — попот кој го поттикна случајот против четирите жени — повеќе не беше жив. Еден друг поп се обиде да сведочи во негово име, но судот не ја прифати неговата молба. Затоа, не е за изненадување тоа што сослушувањето траеше само 15 минути! Судијата ги сослуша и другите сведоци на обвинението и заклучи дека обвинетите не се виновни за практицирање на незаконски прозелитизам. Оваа одлука покажува дека грчките судови се спремни да ја почитуваат и да се придржуваат за одлуката донесена во 1993 година од страна на Европскиот суд за човекови права.
Особено изненади глетката кога трите жени кои сведочеа за обвинението, им приоѓаа на обвинетите Сведоци и од сѐ срце им честитаа: „Се извинуваме за сето ова што се случи“, рече едната од нив и додаде: „Не беше наша грешка. Попот нѐ натера да ве тужиме. Сега, кога тој повеќе не е жив, сакаме да дојдете во нашето село и во нашите домови“.
Така, Јехова уште еднаш му даде прекрасна победа на својот народ во Грција. Законите за прозелитизам во Грција беа донесени во 1938 и во 1939 година. Во 1993 година, Европскиот суд за човекови права пресуди дека е неисправно да се користи овој закон за гонење на Јеховините сведоци. (Види Стражарска кула од 1 септември 1993 година, страници 27-31.)