Настан што не би требало да го пропуштите
„Секој добар дар и секој совршен подарок“ доаѓа од Бог, нашиот небесен Татко (Јаков 1:17). Најголемиот дар што Бог му го дал на паднатото човештво е подготовката за негово опоравување преку Неговиот единороден Син, Исус Христос. Смртта на Исус како наш Откупител овозможува вечен живот на една рајска Земја. Во Лука 22:19 ни е заповедано да го славиме Споменот на неговата смрт.
Јеховините сведоци срдечно Ве покануваат да учествувате со нив во слушањето на Исусовата заповед. Оваа годишна слава ќе се одржи после зајдисонце на датумот што одговара на 14 низан според библискиот лунарен календар, кој се паѓа во вторник, на 2 април 1996 година. Забележете си го овој датум за да не го заборавите. Јеховините сведоци во Вашето место можат да Ви го кажат точното место и времето на состанување.