„Не ги истерувајте!“
„АКО еден, па дури и двајца Јеховини сведоци заѕвонат на Вашето ѕвонче, не ги истерувајте!“ советува Corriere della Sera. Овој весник укажал на еден настан што се случил во Тревизо (северна Италија), каде што некој бизнисмен ризикувал да изгуби преку милион лири (повеќе од 600 американски долари) поради тоа што истерал двајца Јеховини сведоци кои го посетиле.
Според весникот, двајцата Сведоци му се претставиле на човекот со зборовите: „Денес е добар ден за Вас. Ние сме Јеховини сведоци и имаме да Ви дадеме нешто вредно“. На тоа, нерасположениот бизнисмен ја затворил вратата, не дозволувајќи им да довршат.
Ако човекот сослушал, тој ќе дознаел дека Сведоците отишле во неговиот дом за да му го вратат портмонето, кое го нашле на една клупа во паркот. Така Сведоците не можеле да направат ништо повеќе освен да го однесат портмонето со неговата содржина во најблиската полициска станица. Следниот ден, полицијата му го вратила на вистинскиот сопственик.
„Ако некој друг бил на местото на двајцата несреќни [Сведоци]“, вели Il Gazzettinodi Treviso, „тој веројатно . . . ќе ја задржел поприличната содржина. Но тоа не би го сториле Јеховините сведоци, кои мора да бидат потполно чесни.“
Што ги поттикнува Јеховините сведоци да бидат „потполно чесни“? Тоа е нивната љубов кон Бог и кон ближниот, во склад со учењата на Исус Христос (Матеј 22:37—39). Од таа причина, Јеховините сведоци одат од куќа до куќа да ја објавуваат добрата вест за извонредната „нова земја“ која ја ветил Јехова Бог. Таквата порака на надеж е далеку повредна од кој и да било материјален имот! (2. Петрово 3:13).