ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/2 стр. 29
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Сличен материјал
  • Да се спаси животот со крв — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Крвта — неопходна за живот
    Како може крвта да ти го спаси животот?
  • Исправно цени го дарот на живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/2 стр. 29

Прашања од читателите

Според новинските извештаи, откако ќе се роди бебето, некои болници ја чуваат плацентата и папочната врвца за да извадат некои работи од нивната крв. Дали ова треба да го загрижува христијанинот?

Во многу места не се случува вакво нешто, и затоа христијаните не треба да бидат загрижени. Ако постои некоја јака причина да се верува дека се следи таква постапка во болницата каде што една христијанка ќе се породи, би било исправно едноставно да се информира лекарот дека плацентата и папочната врвца треба да се отстранат и да не се користат на никаков начин.

Од биолошки извори, било животински или човечки, биле добивани разни медицински продукти. На пример, извесни хормони биле добивани од урината на трудни коњи. Коњската крв е извор на серум против тетанус, а гама-глобулинот што служи за сузбивање на болести долго време се добивал од крвта од човечките плаценти (постелката). Некои болници ги чувале и замрзнувале плацентите кои подоцна биле собирани од некоја фармацевтска лабораторија, така што крвта богата со антитела можела да се преработи за да се извади гама-глобулинот.

Неодамна, истражувачите тврделе дека при лекувањето на еден вид леукемија, добиле успешни резултати со користење на крвта од постелката и се теоретизираше дека таквата крв би можела да биде корисна при некои пореметувања на имунолошкиот систем или наместо трансплантанти на коскената срж. Затоа, имаше извесен степен на публицитет во врска со родителите кои дале да се извади крв од постелката, да се замрзне и да се складира, во случај да биде од корист при некое лекување на нивното дете во идните години.

Таквата комерцијализација на крвта од плацентата тешко дека ќе биде примамлива за вистинските христијани, кои своето размислување го управуваат според Божјиот совршен закон. Нашиот Творец ја смета крвта за света, за нешто што го претставува животот кој е даден од Бог. Единствената употреба на крв што тој ја овластил била употребата на олтарот, во врска со жртвите (3. Мојсеева 17:10—12; спореди Римјаните 3:25; 5:8; Ефесјаните 1:7). Инаку, крвта што е отстранета од едно суштество, требало да се истури наземи, да се отстрани (3. Мојсеева 17:13; 5. Мојсеева 12:15, 16).

Кога христијаните ќе уловат некое животно или ќе убијат домашна кокошка или свиња, тие ја исцедуваат крвта и ја отстрануваат. Не ја истураат дословно наземи, бидејќи поентата е да ја отстранат крвта и да не ја употребуваат за ништо.

Христијаните кои се хоспитализирани сфаќаат дека биолошките продукти што се извадени од нив се отстрануваат, сеедно дали продуктите се телесни отпадоци, болно ткиво или крв. Вистина, некој лекар можеби сака првин да се направат некои испитувања, како што е анализа на урината, патолошко испитување на туморно ткиво или проверки на крвта. Но отпосле, продуктите се отстрануваат во согласност со локалниот закон. На пациентот кој лежи во болница тешко дека ќе му биде потребно да поставува посебни барања за оваа цел, бидејќи е и разумно и медицински мудро да се фрлат таквите биолошки продукти. Ако некој пациент има оправдана причина да се сомнева во тоа дека ќе се следи таквата нормална постапка, би можел да му го спомене тоа на дотичниот лекар, наведувајќи дека од религиозни причини сака да се отстранат сите такви продукти.

Меѓутоа, како што беше споменато, ова ретко претставува грижа за просечниот пациент, затоа што на многу места дури не се ни размислува за такво зачувување и повторно користење на постелката или на други биолошки продукти, а камоли да се практикува рутински.

Изгледа дека статијата „Да се гадиме од она што е зло“, која излезе во „Стражарска кула“ од 1 јануари 1997 година, се сосредоточуваше на педофилија. Како се дефинира оваа навика?

Webster’s Ninth New Collegiate Dictionary ја дефинира „педофилијата“ како „сексуална изопаченост, во која претпочитан сексуален објект се децата“. Аспектите на овој обичај се осудени во 5. Мојсеева 23:17, 18. Таму Бог зборувал против станувањето храмска проститутка („или ‚момче за задоволства‘, момче кое се користи заради сексуална изопаченост“, НС, фуснота). Овие стихови исто така забрануваат секому во „домот на Господа“ да донесе „цена од пес“ („веројатно од педераст; некој кој практикува анален однос, особено со момче“, НС, фуснота). Овие библиски и световни осврнувања потврдуваат дека она за што зборуваше Стражарска кула беше сексуалната злоупотреба на децата од страна на некој возрасен, вклучувајќи и милување.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели