ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/8 стр. 30
  • Книги, книги, книги!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Книги, книги, книги!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/8 стр. 30

Книги, книги, книги!

„Му нема крај на составувањето многубројни книги“ — напишал мудриот цар Соломон од старо време (Проповедник 12:12, Радосна вест). Во текот на 1995, на секој 580-ти жител во Британија беше издадена речиси по една нова книга, кое таа земја ја направи светски лидер во издавањето нови наслови на книги. Кина, најнаселената земја, дојде на второ место со 92.972 изданија, во споредба со британските 95.015. Следеше Германија (67.206 наслови), па Соединетите Држави (49.276) и потоа Франција (41.234). „Голем дел од светското водство на Британија се должи едноставно на англискиот јазик“ — забележува весникот The Daily Telegraph од Лондон.

Извештаите покажуваат дека пазарот на книги повеќе години е во опаѓање и сега само 80 отсто од возрасните во Британија купуваат една или повеќе книги годишно. Но, дали луѓето ги читаат сите книги што ги купуваат?

Една книга која и понатаму е нашироко дистрибуирана и читана е Библијата, која сега — делумно или во целост — ја има на располагање на преку 2.120 јазици. Ако уште немате свој примерок, контактирајте со канцеларијата на Watch Tower Society што Ви е најблиску за да добиете еден. Ако поседувате Библија, земете ја и проверете ги библиските референции што се појавуваат во статиите од ова списание. Ако го направите тоа, ќе го откриете животодајното спознание од Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели