ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/5 стр. 32
  • Зошто да не се биде со нив?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да не се биде со нив?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/5 стр. 32

Зошто да не се биде со нив?

ЊАУКУА УЛИМБА има 73 години и минатата година тргнал на едно патување од околу 450 километри. Целото растојание го одел пеш и тоа му одзело 16 денови.

Овој постар господин го направил своето долго патување за да присуствува на еден од годишните конгреси на Јеховините сведоци. После конгресот, пресреќен и духовно зајакнат, до дома повторно одел пеш — уште 16 денови. Дали тоа било вредно за напор? Да, секако! Њаукуа Улимба правел такво патување еднаш годишно, веќе неколку години.

Овој Африканец бил еден од над 15-те милиони, од преку 230 земји, кои минатата година присуствувале на конгресите на Јеховините сведоци. Повеќето, се разбира, не морале со денови да одат пеш до конгресната локација. Мнозинството пристигнало со автомобили, со автобуси, со возови или со авиони. Беше ли ти еден од нив?

Во 1998, ширум светот повторно ќе се одржат конгреси, претежно во текот на летните месеци (или во текот на суво годишно време). Доколку му дозволува здравјето, веројатно Њаукуа Улимба ќе го направи истото долго пешачење за да присуствува. Тој и милиони други ќе чујат една програма која ќе биде практична, зајакнувачка за верата и освежувачка. За сите кои ќе присуствуваат, конгресот ќе биде врвен настан на годината. И ти си срдечно поканет да присуствуваш. На Јеховините сведоци од твоето место ќе им биде драго да ти ја кажат конгресната локација која е најблизу до тебе.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели