„Вие сте такви какви што Бог очекува да бидеме“
СОРАБОТУВАЈЌИ со световните власти „поради Господа“, христијаните можат да очекуваат да добијат ‚пофалба [како] добротворци‘ (1. Петрово 2:13—15). Јеховините сведоци во Јужна Африка го доживеаја тоа пред кратко време на еден обласен конгрес што се одржа во салата на студентскиот дом во еден колеџ.
Првиот ден од конгресот, силите на обезбедување на колеџот се подготвиле за делегати кои се лути и неспремни за соработка, какви што вообичаено имале на другите видови конгреси. Меѓутоа, затоа што никогаш немале работа со Јеховините сведоци, ги очекувало пријатно изненадување!
Како дел од својата редовна безбедносна проверка на влезовите, силите на обезбедување го претресувале секој автомобил кој влегувал и излегувал од имотот. Биле збунети кога биле пријателски поздравени, со стрпливост и почитување, иако претресот ги задржувал делегатите. Го немало вообичаениот отпор, расправање и навредлив говор. „За разлика од другите посетители“, забележал еден службеник од обезбедувањето, „вие покажувате понизен дух и спокојно достоинство што сите ние можеме да видиме.“
Кога шефот на обезбедувањето го забележал однесувањето, т. е. соработката од страна на Јеховините сведоци, дошол до заклучок дека нема потреба да ги претресува автомобилите „бидејќи“, рекол тој, „вие сте толку добро дисциплинирани“. Како резултат на тоа, на автомобилите кои имале налепници „ЈС“ им бил дозволен пристап без да бидат претресувани.
На крајот од конгресот, шефот на обезбедувањето рекол дека се надева Сведоците наскоро пак да се вратат. „Никогаш не сме виделе луѓе со вакво добро однесување“, навел тој. „Вие сте такви какви што Бог очекува да бидеме.“ Таквата пофалба е еден додатен поттик вистинските христијани да ‚задржат примерно однесување‘ (NW) за да можат луѓето да ‚го прослават Бог штом ќе ги видат нашите добри дела‘ (1. Петрово 2:12).