„Можев да ја почувствувам мирољубивата атмосфера“
ЕДЕН човек од германско говорно подрачје отишол на еден конгрес кој го организирале Јеховините сведоци за да ги „шпионира“ Сведоците. Зошто? Негова цел било да ја „разоткрие оваа секта и да ги спаси своите пријатели да не залутаат“. Откако го посетил конгресот, на своите пријатели им го напишал следново писмо:
„Кога се приближив до конгресниот град, се прашував дали сум на точното место. Надвор немаше никој, и на земјата немаше отпадоци или лименки од пиво. Како што се приближував, видов двајца господа на влезот од стадионот. Тие ме поздравија и ми дозволија да влезам.
Очекував да чујам бука од илјадниците кои требаше да бидат таму, но беше многу тивко. ‚Па‘, си помислив, ‚веројатно има само една шака луѓе кои се раштркани низ целото тоа место.‘
Кога влегов, вниманието веднаш ми го плени една драма која се изведуваше на подиумот. Дури подоцна сфатив дека стадионот беше полн до последно место со илјадници внимателни слушатели. Можев да ја почувствувам мирољубивата атмосфера. Она што го чув, видов и почувствував за време на преостанатиот дел од конгресот, остави длабок впечаток врз мене.
Мешајќи се со Сведоците, не можев а да не ги забележам нивните среќни лица и љубезни изрази. Одеднаш, не можев да ја потиснам помислата: ‚Ова е навистина Божји народ!‘“
Наместо да ‚ги спаси пријателите да не залутаат‘, младиот човек замолил да ја проучуваат Библијата со него. Каков бил резултатот? Денес тој е христијански старешина. Тој и неговото семејство се активни во едно од собранијата во Цуг (Швајцарија).