Ден за сеќавање
Вечерта пред да умре, Исус им подал на апостолите по едно парче бесквасен леб и чаша вино и им рекол да јадат и да пијат. Исто така, тој им рекол: „Правете го ова за Мој спомен!“ (Лука 22:19).
Годишнината на овој настан годинава се паѓа в четврток на 1 април, после зајдисонце. Јеховините сведоци ширум светот ќе се соберат на таа посебна вечер за да го одбележат овој Меморијал и тоа на начинот на кој заповедал Исус. Најсрдечно си поканет да ни се придружиш. За точното време и место на овој посебен состанок, те молиме, провери кај Јеховините сведоци од твојот крај.