ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 1/4 стр. 32
  • Властите ги пофалуваат Сведоците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Властите ги пофалуваат Сведоците
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 1/4 стр. 32

Властите ги пофалуваат Сведоците

ДОНА Теофиле Мартинез, градоначалник на Кадис (Шпанија) — пристанишен град кој е сместен на околу 500 километри југозападно од Мадрид — им подари на Јеховините сведоци една плакета (прикажана горе). Таа гласи: „Градското собрание на Кадис — Во знак на благодарност на Јеховините сведоци за нивната соработка и нивните напори во корист на овој град“. Што сторија Сведоците за да ја добијат оваа чест?

Таа им беше искажана во знак на признание за работата што ја извршија Сведоците околу реновирањето на дел од градскиот стадион. Неколку викенди, стотици Сведоци доброволно работеа за да помогнат во преуредувањето на тоалетите на приземјето од фудбалскиот стадион Каранса. Сега, сите кои го користат стадионот, имаат полза од цевките, водоводните елементи и подот кои беа инсталирани.

Веќе извесно време, Јеховините сведоци имаат добри односи со градот Кадис. Градското собрание секоја година на Сведоците љубезно им го става на располагање Каранса стадионот, за нивниот годишен обласен конгрес. Затоа, на Сведоците им е драго да прават сѐ што можат за да го одржат стадионот во добра состојба.

Меѓутоа, освен повремените физички поправки, Јеховините сведоци редовно ги посетуваат соседите во градот за да ја поддржат јавноста и на еден друг начин. Тие го објавуваат ‚Евангелието‘ за Божјето Царство. Секако, тие не учествуваат во својата јавна служба за да добијат пофалба од луѓето. Неа ја вршат од послушност кон Исусовата заповед да го проповедаат ‚Евангелието за царството‘ и да ‚ги научат [прават ученици од, NW] сите народи‘ (Матеј 24:14; 28:19). На тој начин, Јеховините сведоци се надеваат дека ѝ служат на општината така што ги школуваат луѓето за „патот на правдата“ (Изреки 12:28).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели