Читај со своите деца
Според бразилското списание Veja, децата на марливи читатели веројатно ќе развијат поголема наклоност кон книгите отколку оние деца на кои дома им недостасува пример во читањето. „Заедничкото читање ја зголемува присноста меѓу родителите и децата и му овозможува на детето подобро да ја впие содржината на книгите“, забележува Марта Хопе, специјалистка за развој на децата.
Додека им читаш на своите деца на глас, тоа ти дава и прилика да одговараш на нивните прашања. Можете да дискутирате за сите слики кои одат со текстот. „Колку повеќе детето ја разбира содржината на книгите“, забележува Хопе, „толку повеќе ќе биде стимулирано да ги бара кога ќе сака да ја задоволи својата љубопитност.“
Многу родители меѓу Јеховините сведоци уживаат да читаат заедно со своите деца. Тие можат да читаат публикации како, на пример, Моја книга со библиски приказни, Слушати великог учитеља и Најголемиот човек кој некогаш живеел.a Ваквите книги не само што им помагаат на децата да станат добри читатели туку и го прошируваат нивниот интерес за светскиот бестселер — Светото писмо. Затоа, ако си родител, дај им пример на своите деца така што ќе бидеш страстен читател на Божјата реч (Исус Навин 1:7, 8). И секако, одвој време да им читаш!
[Фуснота]
a Издадени од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.