Насилството — наскоро ќе престане засекогаш!
„Насилството ја изложува нацијата на опасност“ (The New York Times, Соединетите Држави).
„Насилство дома“ (O Globo, Бразил).
„Насилството ги следи жените во светот“ (The Globe and Mail, Канада).
О ВИЕ наслови од весниците во Северна и Јужна Америка илустрираат еден вознемирувачки светски тренд. Неодамна, Светската здравствена организација наведе: „Во последниве децении драматично се зголеми насилството во сите негови облици“.
Разгледај некои отрезнувачки статистички податоци:
Убиства. Во Латинска Америка и на Карибите секој ден отприлика по 1.250 луѓе ги снаоѓа насилна смрт. Поради тоа, „во половина од земјите во тој регион, убиството е втора водечка причина за смртта на млади луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години“.
Насилство врз деца. Физичката, сексуалната и емоционалната злоупотреба на децата се проблеми низ целиот свет. На пример, „анкетите спроведени меѓу возрасни луѓе во неколку индустријализирани земји укажуваат дека 10—15% од децата се жртви на сексуална злоупотреба — од кои повеќето се девојчиња“.
Насилство врз жени. Откако ги истражувале случаите на злоупотреба на човековите права во 1997 година, истражувачите заклучиле дека „домашното насилство е една од главните причини за повреда на жените во речиси сите земји во светот“ (Human Rights Watch World Report 1998). Домашното насилство, кое е раширен а сепак недоволно известуван проблем, сега е наречено „тивка криза на 20 век“ (The Globe and Mail, Канада).
На сличен начин земјата била ‚исполнета со насилство‘ (NW) во времето на Ное (1. Мојсеева 6:9—12). Но, Јехова Бог го сочувал во живот тој ‚проповедник на правдата‘ и неговото семејство ‚кога нанел потоп на безбожниот свет‘. Бог ќе преземе слична акција во наше време. Тој ќе ги сочува „луѓето со побожна оддаденост“ (NW) кога ќе ги отстрани насилните и злобните и ќе ја направи земјава рај во својот ветен нов свет (2. Петрово 2:4—9; 3:11—13). Зарем не е возбудливо да знаеш дека наскоро насилството ќе престане засекогаш?