ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 1/10 стр. 32
  • Тие ‚се плашеле од вистинскиот Бог‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тие ‚се плашеле од вистинскиот Бог‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 1/10 стр. 32

Тие ‚се плашеле од вистинскиот Бог‘

ДОДЕКА Израелците се наоѓале во ропство во Египет, еврејските бабици Сепфора и Фуа се нашле во една загрижувачка состојба. Во обид да го задржи под контрола брзото множење на странското население, на овие жени фараонот им заповедал: „Кога ќе бабувате кај Еврејките . . . ако видите дека е машко, убијте го“ (2. Мојсеева 1:15, 16).

Сепфора и Фуа ‚се плашеле од [вистинскиот, NW] Бог‘ и ‚не правеле така, како што им заповедал царот египетски‘. Наместо тоа, машките бебиња ги оставале во живот, иако ваквиот смел став можел да ги изложи на опасност. Јехова ‚им правел на бабиците добро‘ и ги наградил заради нивните животоспасувачки дела (2. Мојсеева 1:17—21).

Овој извештај го подвлекува ценењето што го има Јехова за оние кои му служат. Тој можел да гледа на она што го правеле Сепфора и Фуа — иако храбро — како на чисто хуманитарна работа. На крајот на краиштата, ниедна жена со здрав разум не би убила бебе! Сепак, Јехова несомнено го зел предвид фактот дека некои луѓе, поради страв од човек, извршиле одвратни дела. Тој знаел дека овие бабици биле мотивирани не само од човечка љубезност, туку и од побожен страв и оддаденост.

Колку само можеме да бидеме благодарни што му служиме на еден Бог кој ги забележува нашите верни дела! Точно, можеби никој од нас не се соочил со испитот на вера кој им бил наметнат на Сепфора и на Фуа. Сепак, кога застануваме цврсто за она што е исправно — било да е тоа на училиште, на нашето работно место или во која и да е друга ситуација — Јехова не ја зема нашата лојална љубов здраво за готово. Напротив, тој „ги наградува оние, што Го бараат“ (Евреите 11:6). Да, „Бог не е неправеден, та да го заборави делото ваше и трудот на љубовта, што ги покажавте во Негово име, откако им послуживте и им служите на светиите“ (Евреите 6:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели