„Мојата посета на Салата на Царството“
На Лора,a студентка на еден колеџ, ѝ била доделена задача да присуствува на некоја верска служба и да напише извештај за своето искуство. Таа ги избрала Јеховините сведоци и на својот есеј му дала наслов „Мојата посета на Салата на Царството“. Што открила Лора поинакво за Сведоците? Меѓу многуте работи кои ги спомнала било следново:
Деца: „Сите деца беа во истата просторија со возрасните. Во сите цркви кои досега сум ги посетила, децата ги оставаат родителите и мораат да присуствуваат на Неделната школа“.
Расна хармонија: „Обично црквите привлекуваат членови на одредена раса или етничка група . . . Сепак, сите Јеховини сведоци седеа заедно, а не во одделни групи“.
Срдечен дух: „Многумина ми пристапија и разговараа со мене . . . Некои дури ме прашаа дали ја проучувам Библијата со некого. Сепак, немав чувство дека ми вршат притисок. Тие . . . ми ја препуштаа одлуката мене“.
Нема прилози: „Нешто што навистина ме изненади беше фактот дека никој не собираше прилози . . . Црквите во кои имам одено, земаат прилози дури и на часовите на децата“.
Ширум светот има речиси 90.000 собранија на Јеховините сведоци. Зошто не го посетиш најблиското?
[Фуснота]
a Името е сменето.