„Како можеме да ги разбудиме нашите парохии?“
МНОГУМИНА не се изненадени од тоа прашање, кое неодамна го постави француското католичко списание Famille Chrètienne (Христијанско семејство). Британскиот кардинал Хјум дури ги нарекол црковните парохии „заспани џинови“. Како начин да се прекине дремката, предложено е да се формираат групи по парохиите кои ќе им проповедаат на другите. Еден италијански свештеник го нарекува тоа „директна евангелизација со нови методи“. Иако папата неодамна охрабри на таква иницијатива, сите не увидуваат потреба да ја споделуваат својата вера.
Пиџи Перини, парох од Милано, неодамна ја посети Африка, каде што една калуѓерка му рекла: „Овде сум веќе 40 години, и успеав никогаш да не го изговорам името на Исус за да не ја уништам африканската култура“. Парохот заклучува: „Повеќе не зборуваме за Исус, повеќе не го споделуваме Исус, повеќе не го проповедаме евангелието!“ Но, за многу други, проповедањето е важен дел од нивниот живот и начин да останат духовно будни. Пиџи Перини признава: „Наидуваш на двајца луѓе кои зборуваат за Христос на пазарот или кои носат Библија под мишка, и си велиш: ‚Види, Јеховини сведоци!‘“
Милиони луѓе уживаат да дискутираат за Божјата реч со Јеховините сведоци. Несомнено Сведоците имаат организирано библиски дискусии и во твојата средина. Како и во првиот век, овие ревносни христијани се храбрат меѓусебно да ја споделуваат својата вера со другите. Нивните места за состанување (наречени Сали на Царството) се места на срдечност и пријателство. Зошто не отидеш на еден од состаноците кои ги подготвуваат Јеховините сведоци за да видиш како можеш да се бориш со духовната летаргија?