ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/10 стр. 32
  • Дали си разборит?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си разборит?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/10 стр. 32

Дали си разборит?

ПРИ наименувањето судии над Израел, Мојсеј настојувал да најде „умни [разборити, NW], искусни и угледни луѓе“ (Второзаконие 1:13). Искуството, кое доаѓало со годините, не било единствен критериум. Мудроста и разборитоста биле исто така важни.

Разборитото лице покажува добро просудување во говорот и во однесувањето. Според Webster’s Ninth New Collegiate Dictionary разборитото лице е и „способно мудро да молчи“. Да, има „време за зборување“ и има „време за молчење“, и разборитото лице ја сфаќа разликата (Проповедник 3:7). Честопати постои добра причина да се молчи, зашто Библијата вели: „Изобилство зборови не бидува без грев, а кој го воздржува својот јазик, разумен е [постапува разборито, NW]“ (Пословици 10:19).

Христијаните внимаваат да бидат разборити во своите меѓусебни постапки. Оној кој зборува најчесто или најсилно не е секогаш најважниот или незаменливиот. Сети се, Мојсеј бил „силен во своите зборови“, но не можел делотворно да ја води нацијата Израел сѐ додека не стекнал стрпливост, кротост и самосовладување (Дела 7:22). Според тоа, оние на кои им е доверен авторитет над другите мора особено да настојуваат да бидат скромни и да покажуваат дух на попуштање (Пословици 11:2, NW).

Оние на кои Исус Христос им го доверил „целиот свој имот“ се опишани во Божјата реч како ‚верни и разборити‘ (Матеј 24:45—47). Тие не се истрчуваат нескромно пред Јехова по некој импулсивен каприц; ниту, пак, заостануваат кога Божјето упатство за некоја работа е јасно. Знаат кога е време да се зборува и кога е време молчешкум да се чека на понатамошно разјаснување. Сите христијани прават добро не само ако ја имитираат нивната вера туку и ако се покажат разборити, каква што е класата на робот (Евреите 13:7).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели