„Пример на единство“
ТОА беше насловот на уводната статија објавена во еден весник во Индаијатуба, Сао Паоло (Бразил). Кој го дал овој пример? „Јеховините сведоци, кои планираат да изградат нова ‚Сала на Царството‘, како што се наречени нивните храмови или аудиториуми, даваат позитивен и конкретен пример на соработка што не може да се игнорира“, објаснил писателот.
Единството меѓу Јеховините сведоци во ваквите прилики е очигледно. Така, статијата истакна: „Возбудливо е да се види како мажи, жени и тинејџери доброволци спремно работат заедно за да изградат место каде што ќе можат да се состануваат и да го обожаваат Бог“.
Јеховините сведоци даваат добар пример и во други погледи. „Освен што проучуваат и се молат, нивна цел е и да ги рехабилитираат алкохоличарите и зависниците од дрога, и им го посочуваат на луѓето патот на солидарност и љубов“, додаде уводната статија. Како го постигнуваат тоа? Сведоците знаат дека учењето и применувањето на библиските совети помага човек да се ослободи од пороците. Затоа настојуваат да ги поучат другите за она што го научиле од Библијата. Статијата заклучува дека нивниот пример е „пример кој, без сомнение, итно треба да се следи“.
Состаноците на Јеховините сведоци се отворени за јавноста и на нив не се собираат прилози. Срдечно си поканет да ја посетиш Салата на Царството во твојата близина.