Дали е на повидок религиозно единство?
„Сведоци сме на еден значаен ден во историјата на нашите цркви“, рекол Кристијан Краус, претседателот на Лутеранската светска федерација. На сличен начин, папата Јован Павле II зборувал за „пресвртница на тешкиот пат за реконструкција на целосното единство меѓу христијаните“.
Овие ентузијастични објави биле поттикнати од потпишувањето на една Официјална заедничка изјава на 31 октомври 1999, во Аугсбург (Германија), со која била потврдена Здружената декларација на доктрината за Оправдание. Времето и местото на настанот биле добро избрани. Се вели дека на 31 октомври 1517, Мартин Лутер ги закачил своите 95 тези на катедралата во Витенберг, и со тоа започнала протестантската реформација. Аугсбург, се разбира, било местото каде што во 1530 лутеранците го изнеле своето основно начело, Аугсбуршката конфесија, која била отфрлена од Католичката црква, што довело до непремостлив јаз меѓу протестантизмот и католицизмот.
Дали Здружената декларација ќе биде одлучувачки чекор во надминувањето на поделбата во црквата, како што се тврди? Не биле оптимистични сите страни. Повеќе од 250 протестантски теолози потпишале спротивна петиција, предупредувајќи дека би можеле да бидат преземени од страна на Католичката црква. Исто така, протестантите биле иритирани кога Католичката црква објавила едно посебно простување за 2000 година, токму за истата онаа практика која го забрзала јазот пред 500 години. А со оглед на тоа што и Аугсбуршката конфесија и католичкото побивање од страна на Концилот во Трент сѐ уште се на сила, единството е далеку од сигурно.
Поделбата и неслогата во рамките на христијанскиот свет се многу поголеми од она што би можело да се исправи со потпишување на некаква здружена декларација. Освен тоа, единството во верата зависи од верувањата цврсто темелени на Божјата реч, Библијата (Ефешаните 4:3—6). Вистинското единство не доаѓа со компромис туку од учењето и вршењето на она што го бара Бог од нас. „Сите народи одат, секој во име на својот бог“, објавил верниот пророк Михеј, „а ние, ние одиме во Името на Господ [Јехова, NW], нашиот Бог, секогаш и довека“ (Михеј 4:5).
[Извор на слика на страница 32]
© Ралф Орловски /Ројтерс/Archive Photos