ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/3 стр. 3-4
  • Можеш ли да бидеш вистински среќен?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеш ли да бидеш вистински среќен?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • Како да го пронајдеш
    Разбудете се! 2018
  • Среќни се оние што му служат на „среќниот Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Вистинска среќа во служењето на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Како да бидеме среќни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/3 стр. 3-4

Можеш ли да бидеш вистински среќен?

ЏОРЏ го поздравувал секого со насмевка. За него животот бил скапоцен дар во кој треба да се ужива. Неговата среќа и оптимизам му биле заштитен знак — па дури и повеќе кога почнал да страда од тегобите на староста. Сѐ до денот кога умрел, Џорџ бил познат како среќен човек. Дали си и ти среќен како Џорџ? Дали на секој нов ден гледаш како на дар во кој треба да се ужива? Или, пак, помислата на новиот ден те прави апатичен па дури и загрижен? Дали нешто ти ја одзема среќата?

Среќата се дефинира како благосостојба која е релативно трајна. Се карактеризира со емоции кои се движат од задоволство до длабока и силна радост и со природна желба таквата состојба да продолжи. Дали навистина постои таква среќа?

Денес општеството го унапредува гледиштето дека луѓето би биле среќни само ако се доволно богати. Милиони продолжуваат со едно грозничаво темпо во своите избезумени напори да се збогатат. Притоа, многумина ги жртвуваат личните односи и други важни работи во животот. Како мравките во еден мравјалник, тие постојано брзаат некаде, и имаат малку време за размислување или еден за друг. Разбирливо е што „бројот на луѓето со дијагноза депресивни постојано се зголемува“, се вели во еден извештај во Los Angeles Times, „а возраста за почетокот [на депресијата] постојано се намалува . . . Антидепресивите се наоѓаат на листата на најпродавани производи во компаниите за лекови“. Милиони луѓе земаат недозволена дрога или се обидуваат да заборават на своите проблеми пиејќи алкохол. Некои кога ќе се почувствуваат депримирани ги фаќа лудило за трошење пари. Според една анкета, „жените излегле најсклони да се впуштат во терапија со шетање по дуќани, вели британскиот весник The Guardian. „Кога се депресивни, тие се трипати посклони да одат во купување отколку мажите.“

Меѓутоа, вистинската среќа не се наоѓа во продавница, во шише, таблета, шприц или на банковна сметка. Среќата не се продава; таа е бесплатна. Каде може да се најде таков скапоцен подарок? За тоа ќе дискутираме во следната статија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели