ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/5 стр. 19
  • Божјето име ослободено од прекор

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјето име ослободено од прекор
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • Како да најдам заеднички јазик со наставникот?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Постигнала повеќе отколку што очекувала
    Разбудете се! 2003
  • Нигериски ученици благословени заради верноста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Учители — зошто ни се потребни?
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/5 стр. 19

Објавителите на Царството известуваат

Божјето име ослободено од прекор

БОЖЈАТА реч, Библијата, вели: „Задржете го своето добро однесување меѓу нациите за во она, во кое зборуваат против вас како да сте злосторници, на темел на вашите добри дела чиишто очевидци се тие, да го прослават Бог во денот на неговото прегледување“ (1. Петрово 2:12). Затоа, вистинските христијани настојуваат да задржат добро однесување со цел да избегнат да му донесат прекор на Јеховиното име.

Во едно оддалечено подрачје во Замбија, кое се вика Сенанга, на еден наставник од дома му било украдено радиото. Со оглед на тоа што во тоа време Јеховините сведоци проповедале на тоа подрачје, за кражбата човекот ги обвинил нив. Ја известил полицијата, тврдејќи дека Сведоците му го украле радиото. Како доказ дека Сведоците биле во неговата куќа, тој покажал еден трактат што го нашол на подот. Меѓутоа, полицијата одбила да му поверува. Го советувала да оди и да направи уште потемелна проверка.

Старешинското тело ги охрабрило Сведоците, кои тој ден работеле во соседството на наставникот, да отидат и да поразговараат со него за тоа. Некои браќа отишле и разговарале со него, објаснувајќи му дека сакаат Јеховиното име да го ослободат од прекор. Во дискусијата му кажале дека во неговата куќа сретнале еден млад човек и дека нему му дале трактат. Според нивниот опис, наставникот го препознал човекот. Всушност, тие ѝ припаѓале на истата црква. Наставникот разговарал со младичот, но тој ги негирал обвиненијата. Потоа наставникот дискутирал за тоа со родителите на младичот и се вратил дома. По еден час мајката на младичот го вратила украденото радио.

Поттикнат од грижа на совеста, наставникот отишол кај старешинското тело и побарал простување за лажните обвиненија. Старешините го прифатиле извинувањето, но замолиле тие наоди да се кажат во јавноста за сите да знаат дека Сведоците се невини. Во училиштето било дадено соопштение, и на тој начин Јеховиното име било ослободено од прекор. Јеховините сведоци можат и понатаму слободно да проповедаат на тоа подрачје.

[Карти/слика на страница 19]

(Види во публикацијата)

АФРИКА

Замбија

[Извор на слика]

Mountain High Maps® Copyright © 1997 Digital Wisdom, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели