ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/6 стр. 30-31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • Дали Бог бара да ги исповедаме гревовите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Секогаш прифаќај го укорот од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Јеховината милост нѐ чува од очај
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Кога „срце скршено и здробено“ бара прошка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/6 стр. 30-31

Прашања од читателите

Со оглед на тоа што Јехова е спремен да ги простува гревовите преку заслугата на откупната жртва, зошто е потребно христијаните да им се исповедаат на старешините во собранието?

Како што може да се види од случајот на Давид и Витсавеа, Јехова му го простил гревот на Давид, иако бил сериозен, поради неговото вистинско каење. Кога пророкот Натан му пристапил, Давид отворено се исповедал: „Згрешив пред Господа“ (2. Самоил 12:13).

Меѓутоа, Јехова не само што го прифаќа искреното исповедање и му дава простување на грешникот туку прави и љубезни подготовки за да му помогне да напредува кон духовно закрепнување. Во случајот на Давид, помошта дошла преку пророкот Натан. Денес, во христијанското собрание постојат духовно зрели постари мажи, односно старешини. Ученикот Јаков објаснува: „Болен ли е [духовно] некој меѓу вас? Нека ги повика кај себе старешините од собранието и нека се молат над него, помазувајќи го со масло во името на Јехова. И молитвата на вера ќе го оздрави оној кој не се чувствува добро, и Јехова ќе го подигне. И ако извршил гревови, ќе му биде простено“ (Јаков 5:14, 15).

Вештите старешини можат многу да ја ублажат болката што покајничкиот грешник ја чувствува во срцето. Во постапките со него тие настојуваат да го имитираат Јехова. Никогаш не сакаат да бидат груби, иако можеби е заслужена строга дисциплина. Наместо тоа, тие сочувствително размислуваат за моменталните потреби на поединецот. Стрпливо настојуваат да го исправат размислувањето на грешникот, користејќи ја Божјата реч (Галатите 6:1). Дури и ако едно лице не го исповеда доброволно својот грев, сепак, кога ќе му пристапат старешините може да биде поттикнато на каење, како што бил поттикнат Давид кога му пристапил Натан. Поддршката што старешините на тој начин ја даваат му помага на грешникот да ја избегне опасноста да го повтори гревот, како и сериозните последици ако закорави во практикувањето грев (Евреите 10:26-31).

Секако дека не е лесно некој на други да им се исповеда за постапки од кои се срами и да бара простување. За тоа е потребна внатрешна сила. Но, за момент размисли за алтернативата. Еден човек што пропуштил пред собраниските старешини да го открие својот сериозен грев, рекол: „Чувствував болка во срцето што не поминуваше. Ги зголемував напорите во делото на проповедање, но одвратното чувство остана“. Тој сметал дека било доволно да му се исповеда на Бог во молитва, но очигледно не било, зашто доживувал чувства слични на чувствата на цар Давид (Псалм 51:8, 11). Колку само е подобро да се прифати љубезната помош што ја обезбедува Јехова преку старешините!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели