Диплома за извонредност
ТОА е она што Здружението на конгоанските и африканските новинари за развој во Демократска Република Конго (АЈОКАД) го дава за да ги „награди поединците или општествените организации што се истакнуваат со својот придонес за развојот на [Конго]“.
На 17 ноември 2000, Дипломата за извонредност им беше врачена на Јеховините сведоци за „нивниот придонес за развојот на конгоанскиот човек [преку] образованието и поучувањето што го содржат нивните публикации“.
Коментирајќи за наградата, весникот Le Phare од Киншаса навел: „Тешко е да се најде Конгоанец во чии раце не поминале Стражарска кула и Разбудете се! или други публикации што ги издаваат Јеховините сведоци. Во овие списанија [се дискутира за] сите аспекти на животот“. Исто така, статијата истакнала дека публикациите покажуваат „како да се справиме со денешните проблеми“ и укажуваат кое е „вистинското значење на тековните настани“. Секое издание на Разбудете се! ‚останува политички неутрално и не возвишува ниту една раса над друга‘. Освен тоа, публикациите градат „доверба во ветувањето на Творецот за мирољубив и безбеден свет, кој наскоро ќе го замени сегашниов злобен, беззаконен систем на работи“.
Како што забележало АЈОКАД, публикациите на Јеховините сведоци се покажале корисни за голем дел од конгоанското население. Затоа што се достапни на стотици јазици, нивната порака што влева надеж може да ти користи и тебе.
Те молиме, погледни подолу за да видиш како можеш да извлечеш корист од нив.