ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/9 стр. 32
  • Биди благодарен и среќен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди благодарен и среќен
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/9 стр. 32

Биди благодарен и среќен

„ИМПУЛСОТ на благодарност е фундаментално човеково доживување“, било речено во канадскиот весник Calgary Herald. Во него биле цитирани некои деветгодишни ученици од основно училиште чија учителка ги замолила да напишат за кои сѐ работи биле благодарни. Едно дете рекло дека е благодарно за своето семејство ‚бидејќи тоа се грижи за него‘. И едно девојче било благодарно за своето семејство и рекло: „Тие ме чуваат да бидам безбедна, здрава, се грижат за мене, ме сакаат, ме хранат и, да не беа моите родители, немаше да постојам“.

Неблагодарноста води до хронично незадоволство. Според филозофот-теолог Џ. И. Пекер, „создадени сме да живееме зависни од Бог и еден од друг“. Ова нѐ потсетува на библискиот мудар совет даден пред повеќе векови, кој вели: „Покажете се благодарни“ (Колошаните 3:15). Изразите на благодарност и срдечното ценење кон другите помагаат да се негуваат срдечни односи.

Освен тоа, ако се цениме и почитуваме еден со друг, се покажуваме благодарни и на Јехова, а тој го забележува тоа. Библијата вели: „[Јехова] гледа со своите очи по целата земја, за да се охрабрат оние на кои срцето им е искрено кон Него“ (2. Летописи 16:9). Бог нѐ уверува дека ја помни и ја цени љубовта што луѓето ја покажуваат кон неговото име (Евреите 6:10). Да, имаме добра причина да се покажеме благодарни бидејќи оваа побожна доблест, кога се изразува секој ден, му е угодна на Јехова и придонесува за нашата среќа. Така е како што се вели во Пословици 15:13: „Веселото срце го разведрува лицето“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели