Хенри VIII и Библијата
ВО СВОЈАТА книга History of the English-Speaking Peoples (Историја на народите што зборуваат англиски јазик), том 2, Винстон Черчил напишал: „Реформацијата донела длабока промена на полето на религиозното верување. Сега Библијата стекнала нов и далекосежен авторитет. Постарата генерација сметала дека Светите списи се опасни во рацете на неуките и дека треба да ги читаат само свештениците“.
Извештајот продолжува: „Комплетни печатени Библии, преведени на англиски од Тиндејл и Кавердејл, за првпат се појавиле при крајот на есента 1535, и сега во оптек се веќе неколку изданија. Владата му наложила на свештенството да охрабри на читање на Библијата“. По векови неписменост во поглед на Библијата, Англија требало да се описмени, но благодарение на владата на Хенри VIII, а не на црквата.a
„Како понатамошен удар на старата школа, владата издала налог во Париз да се отпечати голема количина англиски Библии, полуксузни од кое и да е претходно издание, а во септември 1538 издала налог секоја парохија во земјата да купи Библија на англиски јазик со најголем формат, да ја постави во секоја црква, каде што на парохијаните ќе им биде многу лесно да ја користат и да ја читаат. Шест примероци биле поставени во Свети Павле, во градот Лондон, па мноштва луѓе по цел ден се собирале во катедралата за да ги читаат, особено, кажано е, кога ќе можеле да најдат некој што има јасен глас за да им чита гласно.“
За жал, во голем број нации, многумина не ја користат својата предност редовно да ја читаат Библијата. Ова е голема причина за загриженост, бидејќи само Библијата ‚е инспирирана од Бог и корисна за поучување, за укорување, за исправање на работите, за дисциплина во праведност‘ (2. Тимотеј 3:16).
[Фуснота]
a Цар Хенри VIII владеел во Англија од 1509 до 1547.
[Извор на слика на страница 32]
Хенри VIII: Слика во Кралската галерија во Кесингтон, од книгата Историја на протестантизмот (Том I)