ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/3 стр. 32
  • „Сега, ова може да боли“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Сега, ова може да боли“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/3 стр. 32

„Сега, ова може да боли“

ДАЛИ некогаш си ги чул овие зборови? Можеби некој лекар или медицинска сестра ти ги рекле пред да применат извесен третман што бил препорачан.

Веројатно не си одбил да се подложиш на третманот само за да ја избегнеш очекуваната болка. Наместо тоа, си ја издржал болката за да пожнееш здравствени користи во иднина. Во крајни случаи, прифаќањето или одбивањето на некој непријатен третман би можеле да значат живот или смрт.

Иако можеби не бараме секогаш услуга од некој лекар, сите ние како несовршени луѓе не можеме без дисциплина, или исправка, иако таа понекогаш може да биде болна (Еремија 10:23). Нагласувајќи ја оваа потреба за децата, Библијата вели: „Глупоста се прилепува до срцето на детето, прачката на поуката [дисциплината, NW] ја отстранува од него“ (Пословици 22:15).

Прачката, во овој случај, е симбол на родителскиот авторитет. Точно е дека малку деца сакаат дисциплина. Ако таа вклучува некаков вид казна, тие можеби ќе се огорчат. Меѓутоа, мудрите и љубезни родители гледаат зад повредените чувства на детето, гледаат на крајната корист. Христијанските родители знаат дека Божјата реч е точна кога вели: „Ниедна дисциплина во моментот не изгледа дека е радост, туку жалост; но на оние кои се обучени со неа потоа им донесува мирољубив плод, имено праведност“ (Евреите 12:11; Пословици 13:24).

Се разбира, децата не се единствените на кои им е потребна дисциплина. И на возрасните им е потребна. Библијата им зборува на возрасните кога вели: „Држи се цврсто за поуката [дисциплината, NW], не ја пуштај, пази ја, зашто таа ти е живот“ (Пословици 4:13). Да, мудрите луѓе — млади и стари — ќе ја прифатат дисциплината темелена на Божјата реч, Библијата, бидејќи таа, на долги патеки, ќе им го сочува животот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели