ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/6 стр. 32
  • „Ти си извонредна жена“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Ти си извонредна жена“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/6 стр. 32

„Ти си извонредна жена“

Овие зборови на пофалба ѝ биле упатени на една млада Моавка. Таа била вдовица по име Рута, снаа на една Израелка, Ноемина. Живеејќи во Израел пред околу 3000 години, кога владееле судиите, Рута си стекнала извонредно име (Рута 3:11, NW). Како се здобила со таков углед? Кој може да извлече корист од нејзиниот пример?

Рута не била од оние што го ‚јадат лебот на мрзливоста‘ и работела долго и вредно како пабиркувач во полето, и заради таквата своја марливост заслужила пофалба. Дури и кога ѝ било понудено да ѝ се олесни работата, таа продолжила вредно да работи, па и повеќе отколку што се барало. Таа извонредно одговарала на библискиот опис за една способна, вредна сопруга достојна за фалба (Пословици 31:10—31; Рута 2:7, 15—17).

Духовните квалитети на Рута — нејзиниот понизен, самопожртвуван став и нејзината лојална љубов — биле главниот фактор за јавната почит што ја уживала. Оставајќи ги своите родители и родната земја, со малку изгледи да ја најде безбедноста што бракот може да ја донесе, таа останала со Ноемина. Во исто време, Рута изразила желба да му служи на Јехова, Богот на нејзината свекрва. За да ја нагласи нејзината вредност, библискиот извештај вели дека ѝ ‚вредела [на Ноемина] повеќе од седум синови‘ (Рута 1:16, 17; 2:11, 12; 4:15).

Колку и да било достојно за чест досието на извонредност на Рута меѓу луѓето, од поголемо значење била Божјата позитивна оценка на нејзините особини и тоа што ја наградил со предноста да стане предок на Исус Христос (Матеј 1:5; 1. Петрово 3:4). Колку прекрасен пример е Рута, не само за христијанските жени туку и за сите што изјавуваат дека го обожаваат Јехова!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели