ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/9 стр. 32
  • „При тивки води — ме води“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „При тивки води — ме води“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/9 стр. 32

„При тивки води — ме води“

ВО ЖЕШКАТА клима на библиските земји, овците мораат да пијат вода секој ден. Затоа, битен дел од работата на пастирот е да обезбеди вода за своето стадо. Понекогаш, пастирите ги напојуваат своите стада од бунари, ставајќи ја водата во поила за да можат овците да пијат (Битие 29:1—3). Меѓутоа, особено во дождовната сезона, областа околу малите потоци и реки нуди мирни, „добро наводнувани почивалишта“ (Псалм 23:2).

Еден добар пастир мора да знае каде може да најде и вода и погодни пасишта за своето стадо. Тоа што темелно ја познава областа го гарантира опстанокот на неговите овци. Давид, кој поминал многу години чувајќи овци по јудејските ридови, го споредил Божјето духовно водство со водството на еден пастир што ги носи своите овци на добри пасишта и на животодавни води. „При тивки води — ме води“, рекол Давид (Псалм 23:1—3).

Со години подоцна, преку својот пророк Езекиел, Јехова употребил слична илустрација. Тој ветил дека ќе го собере својот народ од земјите во кои бил распрснат, како пастир што ги собира своите овци. „Ќе ги изведам . . . ќе ги доведам во нивната земја за да ги пасам по Израелевите гори, по сите речни долини“, ги уверил тој (Езекиел 34:13).

Јехова Бог многу се грижи да обезбеди и духовна вода. Книгата Откровение опишува една „река со вода на животот“ што тече од престолот на Бог (Откровение 22:1). Поканата да пијат од оваа река е упатена до сите луѓе. ‚Секој кој сака може да земе бесплатно од водата на животот‘ (Откровение 22:17).

Оваа симболична вода на животот ги претставува Божјите подготовки за вечен живот. Секој може да почне да пие од таа вода така што ќе ‚прима спознание за единствениот вистински Бог, и за оној кого го испратил, Исус Христос‘ (Јован 17:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели