„Да бидеш мудар во иднина“
„Поголемиот дел од луѓето ги користат своите рани години од животот така што подоцнежните си ги прават бедни.“ Вака рекол Жан де ла Бријер, француски есеист од 17 век. Навистина, еден неодлучен млад човек може да се колеба, чувствувајќи незадоволство и жалење. Од друга страна, пак, еден тврдоглав младинец може упорно да оди по немудар правец, што ќе му ја одземе радоста покасно во животот. Како и да е, гревовите на пропуст или престап можат да доведат до тешка беда.
Како може да се избегне таквиот можен исход? Предупредувајќи на младешката неодлучност, Божјата реч ги советува младите луѓе: „Спомнувај си за својот Создател во деновите на својата младост и пред да пристигнат годините, кога ќе речеш: ‚Не ми се милеат‘“ (Проповедник 12:1). Ако си младинец, преземи позитивни чекори да научиш за „својот Создател“ додека си млад.
Како, тогаш, Библијата им помага на младите луѓе да ги избегнат младешките лудории? Таа вели: „Слушај совет и прифати стега, за да бидеш мудар во иднина“ (Пословици 19:20). Исто така, Библијата јасно покажува дека отфрлањето на божествената мудрост како резултат на немарност или бунтовност во младоста, или на која и да било возраст, донесува горчливи плодови (Пословици 13:18). И обратно, како резултат на тоа што обрнуваш внимание на божествените упатства ќе ти се „продолжат деновите и годините на животот“, а тоа ќе биде еден задоволителен и исполнет живот (Пословици 3:2).