„Не знаев многу за Бог“
„ВО ИЗМИНАТАВА година, Јеховините сведоци ме посетуваа и ја споделуваа со мене прекрасната вест за Божјето Царство. Јас бев католик осум години, но не знаев многу за Бог. Само за оваа една година, научив многу“, напишал еден човек што живее во Керала (Индија). „Многу ме радува што знам дека Стражарска кула се издава на 139 [сега 146] јазици“, продолжил тој. „Изненадува што луѓе од сите јазични групи ја дознаваат пораката за Бог.“
Иако многу филозофи тврдат дека не е можно да го запознаеш Бог, апостол Павле јасно покажал дека тоа е можно. Обраќајќи се на група Атињани, од кои некои обожавале на еден олтар посветен на некој „Непознат Бог“, Павле рекол: „Она на кое вие незнаејќи му укажувате побожна оддаденост, тоа јас ви го објавувам. Богот кој го создаде светот и сѐ што е на него . . . им дава на сите живот и здив и сѐ. И од еден човек ја создаде секоја човечка нација да живее по целата површина на земјата“ (Дела 17:23—26).
Павле ги поттикнал своите слушатели да настојуваат да го запознаат Творецот, зашто „тој не е далеку од никого од нас“ (Дела 17:27). На Јеховините сведоци ќе им биде мило да ти помогнат да го запознаеш вистинскиот Бог и неговите привлечни особини.