ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/4 стр. 32
  • Срдечно си поканет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Срдечно си поканет
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/4 стр. 32

Срдечно си поканет

ПОСЛЕДНАТА вечера, што Господ Исус Христос ја вовел пред околу 2.000 години, има повеќе отколку само чисто историско значење. Таа имала силно влијание врз луѓето уште откако била воведена. Поттикнати од тоа што го прочитале во извештаите од евангелијата во врска со она што се случило таа ноќ, мнозина се обиделе на различни начини да ја комеморираат Господовата вечера.

Сево ова е разбирливо, зашто и самиот Исус Христос наредил неговите следбеници да го одбележуваат тој настан и да го прават тоа редовно. Тој конкретно им рекол: „Правете го ова за мој спомен“ (Лука 22:19; 1. Коринќаните 11:23—25).

Се разбира, за да биде одбележувањето навистина наградувачко искуство, мора да се има точно разбирање за неговото значење, што се наоѓа во Божјата реч, Библијата. Освен тоа, важно е да се знае што има Библијата да каже за тоа кога и како треба да се прославува овој настан.

Од послушност кон заповедта на Исус, Јеховините сведоци низ целиот свет ќе се соберат во среда навечер, на 16 април 2003, за да ја комеморираат смртта на Исус. Тоа ќе биде прилика да го испитаат Писмото и да ја обноват својата вера и љубов кон Господ Исус Христос, кој рекол: „Бог толку многу го љубеше светот што го даде својот единороден Син за секој кој практикува вера во него, да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16). Срдечно си поканет да се состанеш со нив таа вечер за да можеш и ти да ја зајакнеш својата вера и љубов кон Исус Христос и кон небесниот Татко, Јехова Бог.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели