Утеха за оние што повикуваат за помош
БИБЛИЈАТА не е прирачник за ментално здравје. Меѓутоа, таа ни дава утеха и ни помага да го цениме животот и покрај проблемите на кои наидуваме. Реално гледано, Писмото навистина вели: „Човек кого жена го родила е кусовечен и полн со неволји“ (Јов 14:1). Нашата несовршеност е одговорна за некои од нашите испити. Но, кој е првенствено одговорен за човечкото страдање?
Библијата го идентификува како злобен дух наречен Ѓавол и Сатана. Тој „ја заведува целата населена земја“ и предизвикува многу од проблемите што го мачат човештвото. Сепак, Библијата исто така ни кажува и дека неговото време истекува (Откровение 12:9, 12). Наскоро сите неволји што Сатана им ги нанел на жителите на земјата ќе завршат со интервенција од Бог. Според Библијата, Божјиот ветен нов свет на правда ќе им стави крај на безнадежноста и очајот (2. Петрово 3:13).
Колку е само утешно што знаеме дека човечкото страдање е само привремено! Под владеењето на Божјето небесно Царство во рацете на Исус Христос, неправдата и страдањето ќе завршат. Во врска со Божјиот наименуван Цар, Писмото вели: „Тој ќе го спаси бедниот што воздивнува, угнетуваниот, што нема помошник; ќе им се смилува на немоќниот и бедниот, и ќе му го спаси животот на страдалецот: Ќе ги ослободи од неправдата и насилствата, зашто нивната крв е скапоцена во неговите очи“ (Псалм 72:12—14).
Времето кога ќе се исполнат овие пророчки зборови е многу близу. Можеме да уживаме вечен живот на рајска земја во прекрасни услови (Лука 23:43; Јован 17:3). Спознанието за овие утешни библиски ветувања им дава надеж и утеха на оние што повикуваат за помош.
[Извор на слика на страница 32]
Депримирана девојка: фотографија ILO/J. Maillard