ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 15/8 стр. 31
  • Тој ја љубеше добротата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тој ја љубеше добротата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 15/8 стр. 31

Тој ја љубеше добротата

МИЛТОН Џ. ХЕНШЕЛ, долгогодишен член на водечкото тело на Јеховините сведоци, го заврши својот земен пат во саботата, 22 март 2003. Имаше 82 години.

Како млад, Милтон Хеншел се приклучи на персоналот на седиштето на Јеховините сведоци и служеше верно повеќе од 60 години. Брзо стана познат по доброто просудување и по искрениот интерес за делото на проповедање на Царството. Во 1939 му стана секретар на Н. Х. Нор, кој тогаш беше надгледник на печатницата на Јеховините сведоци во Бруклин. Кога во 1942 брат Нор го презеде водството на Сведоците во цел свет, тој го задржа брат Хеншел како свој помошник. Брат Хеншел се ожени со Лусил Бенет во 1956 и заедно ги делеа радостите и предизвиците на животот.

Брат Хеншел блиску соработуваше со брат Нор сѐ до смртта на Нор во 1977. Честопати заедно со брат Нор, брат Хеншел отпатува во повеќе од 150 земји, посетувајќи ги и охрабрувајќи ги Јеховините сведоци низ целиот свет, особено мисионерите и оние што служеа во канцелариите на подружниците. Таквите патувања понекогаш беа напорни, па дури и опасни. Во 1963, кога посети еден конгрес во Либерија, брат Хеншел беше жртва на злобно прогонство зашто одби да учествува во една патриотска церемонија.a Само неколку месеци подоцна, брат Хеншел бестрашно се врати во Либерија за да се сретне со претседателот на земјата и за да побара поголема слобода на обожавање за Јеховините сведоци таму.

При справувањето со тешки проблеми и предизвици, брат Хеншел беше познат како практичен, флексибилен и разумен. Неговите соработници особено ја ценеа неговата уредност, скромност и смисла за хумор. Благословен со извонредно памтење, ги восхитуваше мисионерите низ светот со тоа што веднаш ќе се сетеше на нивното име, ќе им кажеше по некој збор на нивниот локален јазик и по некоја интересна смешка — и тоа со искра во окото.

Михеј 6:8 (NW) нѐ потсетува дека Јехова Бог сака да ‚ја љубиме добротата‘. Милтон Хеншел ќе биде запамтен по тоа што остави пример во овој поглед. И покрај тешката одговорност што ја имаше, тој остана пристаплив, благ и љубезен. Често ќе кажеше: „Кога не си сигурен како да постапиш, запамти дека љубезниот начин е секогаш најдобриот начин“. Иако жалиме што го загубивме овој сакан брат, се радуваме што тој верно истраја до крајот и сигурни сме дека ја доби својата награда, „круната на животот“ (Откровение 2:10).

[Фуснота]

a Види во Годишник на Јеховините сведоци за 1977 на англиски, страници 171—177.

[Слика на страница 31]

М. Џ. Хеншел со Н. Х. Нор

[Слика на страница 31]

Со неговата сопруга, Лусил

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели