Нѐ очекува свет без криминал
ЗАМИСЛИ си, ако можеш, свет без криминалци! Нема да има потреба од полиција, затвори или скапи и комплицирани системи за кривично право. Тоа ќе биде свет каде што секој човек ќе го почитува животот и имотот на другите. Дали тоа ти се чини премногу добро за да биде вистинито? Можеби мислиш така, но оваа зачудувачка промена на подобро е токму она што Библијата го ветува. Зошто не разгледаш што претскажува таа во врска со криминалот и другите зла на оваа земја?
Во книгата Псалми читаме: „Не се лути на злосторниците, ниту им завиди на оние што прават беззаконие. Се сушат брзо како трева, венеат брзо како зелено растение. Кротките ќе ја наследат земјата, тие ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:1, 2, 11). Навистина, никој не може да го спречи Бог да го исполни ова ветување, ниту сите други негови охрабрувачки ветувања.
Божјето средство што ќе ги донесе овие благослови е неговото Царство. Во Господовата молитва, Исус Христос ги поучил своите следбеници да се молат да дојде ова Царство и да се врши Божјата волја „како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:9, 10). Наскоро, под тоа Царство, никој на земјата нема да биде поттикнат да изврши некое злосторство поради сиромаштија, угнетување или себичност. Наместо тоа, Божјата реч вели: „На земјата ќе има жито во изобилие, по планинските врвови ќе изобилува“ (Псалм 72:16, NW). И навистина, Јехова Бог ќе му даде на секого на земјата бескрајни резерви од добри работи. Што е уште поважно, човечкото општество ќе се темели на љубов кон Бог и кон ближниот, и никогаш повторно светот нема да го вознемирува криминал.