Со помош на Библијата, се спротивставил на искушението
Денешниов свет врие од искушенија. Не е лесно да се поддржуваат библиските начела. На пример, може да биде предизвик да се следи библискиот совет: „Бегајте од блуд“ (1. Коринќаните 6:18).
Еден Јеховин сведок, кого ќе го наречеме Себастијан, работел за една скандинавска компанија во Полска. Морал да води тешка борба за да го зачува својот христијански интегритет.
Себастијан го знаеле како Јеховин сведок. Неговите претпоставени, затоа што ја ценеле неговата трудољубивост и неговиот добар карактер, го наградиле со различни привилегии. Меѓутоа, излегло дека овие привилегии вклучувале деловни состаноци на кои имало и сомнителна забава.
Наскоро Себастијан почнал да се сомнева. „Шефот знае дека сум Јеховин сведок. Затоа има доверба во мене и смета на мене. Ако одбијам да учествувам, ќе ја изгубам работата, а тешко ја најдов. А да бидам само набљудувач?“
Тогаш Себастијан дознал уште нешто. Од него се очекувало да „се грижи“ за странските муштерии така што ќе им набави „девојки“ за неморални цели што ќе ги придружуваат вечерта. Што да прави?
Себастијан решил да го потсети својот претпоставен за својот став, кој се темели на Библијата, кон неморалот. Наскоро станало јасно дека Себастијан не се вклопувал во сето тоа и дека порано или подоцна ќе мора да ја остави работата. Нашол нова работа со помала плата, но без такви искушенија. Сега тој има чиста совест.
Што би направил ти ако некој врши притисок врз тебе да учествуваш или да преминеш преку неморал? Би бил ли спремен да направиш драстична промена? Токму тоа го направил Јосиф од библиско време, како што се известува во Битие 39:7—12.