ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/7 стр. 32
  • „За да се објавува Јеховиното име“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „За да се објавува Јеховиното име“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/7 стр. 32

„За да се објавува Јеховиното име“

НИЗ целиот свет, Стражарска кула и нејзиното придружно списание Разбудете се! се ценети поради нивните духовни содржини и поучна вредност. Укажувајќи на ова, една читателка од Франција неодамна го напиша следново писмо:

„Јас сум млада жена, по потекло од Африка, со мало образование. Неодамна почнав да ги читам вашите списанија. Бидејќи темите ме привлекуваат, откривам колку е вредно читањето. Благодарение на вас, го подобрив својот речник и можам да напишам писмо со помалку грешки.

Воодушевена сум што обработувате теми што се поврзани со луѓето, со планетата и со Творецот. Овие статии се толку јасни што го тераат човек да посака да стане страстен читател. Никој друг нема способност да поучува луѓе од сите видови во исто време.

Исто така, воодушевена сум и што гледам дека сето тоа не се прави со комерцијални цели туку едноставно за да се објавува Јеховиното име. Знам дека имате одобрение од него и ви благодарам. Ве молам, продолжете да црпите сила од Творецот за да поучувате“.

Јеховините сведоци моментално го изведуваат своето библиско образовно дело во 235 земји. Стражарска кула се издава на 148 а Разбудете се! на 87 јазици. Овие списанија не се печатат за да му се оддаде чест на некој човек. Советите што се темелат на Библијата и најновите информации што се наоѓаат во нив се наменети да го слават Творецот, кој вели: „Јас Господ [Јехова, NW] . . . те учам за твое добро“ (Исаија 48:17). Извлечи корист и ти така што редовно ќе го читаш Светото писмо со овие помагала за проучување на Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели