ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/8 стр. 3-4
  • Има ли потреба од добар совет?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Има ли потреба од добар совет?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Сличен материјал
  • Да се најде најдобриот совет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Ако бракот е пред распаѓање
    Тајната на семејната среќа
  • Четири факти за разводот за кои треба да си свесен
    Разбудете се! 2010
  • Слушај ги зборовите на мудрите
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/8 стр. 3-4

Има ли потреба од добар совет?

ДЕНЕС многу луѓе се убедени дека самите се способни да одредат што е добро а што лошо и дека можат да прават што сакаат. Други велат дека сѐ ти е дозволено ако тебе ти причинува задоволство. Ова драстично влијае врз бракот и семејниот живот, кои долго време се сметале за основни клетки на човечкото општество (Битие 3:5).

Да ја земеме, на пример, Вероника,a која живее во Мексико. Таа вели: „Кратко пред нашата 15⁠-годишнина од бракот, маж ми ми кажа дека има врска со друга жена. Рече дека таа е помлада и дека е посреќен со неа, и затоа нема намера да ја напушти. Бев шокирана од помислата дека мојот најдобар пријател веќе нема да биде покрај мене да ми прави друштво. Порано мислев дека смртта на некој близок е најголемата причина за болка. Но, прељубата ми беше уште поболна бидејќи не само што го изгубив човекот што многу го сакав туку тој и понатаму продолжи да прави работи што ме повредуваа.

Тука е и случајот на еден 22⁠-годишен маж што веќе е разведен и има син, но не е спремен да ја прифати одговорноста на татко. Тој очекува мајка му да се грижи и за него и за неговиот син. Ако таа не се согласува со сѐ што бара од неа, тој збеснува и вербално ја напаѓа, како некое невоспитано детиште. Соочена со такво агресивно однесување, мајка му се чувствува беспомошно.

Ова не се единствени случаи. Бројот на разводите и на законските одвојувања насекаде е во пораст. Многу деца гледаат како еден од родителите си заминува од дома за да започне нов живот. Некои млади изгубиле секаква почит кон другите, па и кон сопствените родители, и се впуштаат во однесување што било скоро незамисливо во минатото. Во многу земји стана вообичаено да се експериментира во сексот и да се користи дрога. Исто така, има случаи кога млади луѓе напаѓаат, а деца убиваат наставници или родители. Веројатно си забележал дека во денешниот свет бракот и подигањето на деца не се единствените полиња на кои луѓето се соочуваат со проблеми.

Додека гледаме како се случуваат вакви работи, можеби се прашуваме што му стана на општеството. Ако луѓето навистина знаат што е добро а што лошо, тогаш зошто толку многу проблеми остануваат нерешени? Има ли потреба од добар совет? Постои ли некој извор на таков корисен совет, некој што докажал дека е достоен за доверба? Иако мнозина велат дека веруваат во Бог и во неговата пишана Реч, изгледа дека ова не влијае врз одлуките што ги донесуваат. Но, какви користи можеме да извлечеме ако бараме и ако добиеме совет од Бог? Да го разгледаме ова во следната статија.

[Фуснота]

a Името е сменето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели