„Тоа е најдоброто нешто што може да ти се случи“
АЛЕКСИС е петгодишно момче од градот Морелија (Мексико), чии родители ја проучуваат Библијата и присуствуваат на состаноците на Јеховините сведоци. Додека со своето семејство присуствувал на еден покраински собир, видел еден приказ во врска со проповедањето од куќа до куќа. Спонтано се свртел кон татко му и го прашал: „Тато, тато, зошто ти не одиш да проповедаш?“ Татко му одговорил: „Јас уште учам како да го правам тоа“. Алексис со одушевување рекол: „Тато, тоа е најдоброто нешто што може да ти се случи“.
Ова мало дете увидело дека треба да постапува во склад со своето спознание за Јехова. Бидејќи живее во иста куќа со некои од неговите мали братучеди, тој прво му се помолил на Јехова и потоа разговарал со нив за она што со помош на своите родители го научил од книгата Моја книга со библиски приказни. Иако Алексис сѐ уште не знаел да чита, многу добро ја знаел содржината на книгата од сликите со кои се илустрирани приказните. Дури рекол и дека сака да ги посети луѓето во нивните домови за да им го каже она што го научил за намерите на Бог.
Навистина, и млади и стари можат да го доведат животот во склад со она што Јехова, ‚Светецот‘, го очекува од нив и на тој начин да ја имаат најголемата предност, да дадат сведоштво за него меѓу нациите (Исаија 43:3; Матеј 21:16). Без сомнение, тоа е една од најдобрите работи што може да му се случи на некого.