ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 1/10 стр. 32
  • Повеќе од игра

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Повеќе од игра
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 1/10 стр. 32

Повеќе од игра

ДЕЦАТА сакаат да си играат. Но, „тоа не е некоја безначајна или бесполезна активност“, објаснува книгата The Developing Child (Дете во развој). „Тоа е темелот на кој се чини дека се заснова поголемиот дел од когнитивниот развој.“ Кога си играат, децата учат да ги користат своите сетила, да ја разберат својата околина и како да се однесуваат со другите.

Почнувајќи на возраст од 4 или 5 години, како дел од нивните игри, децата ќе почнат да си играат возрасни. Исус еднаш зборувал за деца што си играат. Некои сакале да си играат „свадба“, други, пак, сакале да си играат „погреб“, и како што често се случува меѓу децата, се карале меѓу себе зашто некои не сакале да си играат (Матеј 11:16, 17). Овој вид игри може да послужи за да се врежат значајни улоги во умот на едно дете во развој.

Децата на сликата играат улоги на библиски учител и студент. Тоа не е вистинска библиска студија, но мислата дека треба да ја споделуваат библиската порака е јасно врежана во нивниот ум. А ова е важна лекција, зашто Исус им заповедал на своите следбеници да прават ученици и да ги поучуваат луѓето да држат сѐ за што тој ги поучил (Матеј 28:19, 20).

Родителите чии деца сакаат да се преправаат дека водат библиски студии, дека држат говори и дека проповедаат од куќа до куќа можат со право да бидат горди. Децата нормално го имитираат она што гледаат дека возрасните околу нив го прават. Библиските игри на децата се показател дека се воспитани „во науката и опомената на Господа“ (Ефешаните 6:4, ДХК).

Јехова сака децата да имаат удел во вистинското обожавање. Тој му рекол на Мојсеј да ги вклучи „децата“ кога ќе се чита Законот (Второзаконие 31:12). Ако малите деца чувствуваат дека и тие се вклучени, тоа веројатно ќе се види во нивните игри. А детето што си игра дека е Божји слуга веќе е со едната нога на патот и да стане Божји слуга.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели