‚Среќна сум поради мојата обука‘
МЛАДАТА Казуна останала без зборови кога наставникот ѝ предложил да се пријави на еден натпревар по говорништво на англиски јазик. На натпреварот можеле да се пријават сите средни училишта од големиот северен јапонски остров Хокаидо, но нејзиното училиште никогаш порано се немало пријавено. Денот кога се одржувал натпреварот, Казуна имала трема зашто требало да се натпреварува со уште педесеттина други ученици. Ја фатила уште поголема трема кога забележала дека има двајца судии на кои им е мајчин јазик англискиот.
Победниците биле прогласувани од најниското место нагоре. Кога конечно било прочитано нејзиното име, Казуна била изненадена. Таа и нејзиниот наставник, кој седел до неа, се погледнале зачудено. Сѐ уште во шок, Казуна се качила на бината и ја примила својата награда — прво место!
„Ова се случи само поради обуката што Јеховината организација ја овозможува преку Теократската школа за служба“, објаснила среќната Казуна. „Толку сум среќна што имам таква обука.“ Таа школа, во која Казуна е запишана уште од мала, е еден од состаноците на Јеховините сведоци. Кога се подготвувала за натпреварот, Казуна посветила посебно внимание на употребата на микрофон, на тоа да зборува со топлина и одушевеност, да прави гестови, да има контакт со присутните и на други теми за кои се поучува на Теократската школа за служба.
Те покануваме да дојдеш и да присуствуваш на оваа школа, која секоја седмица се одржува во локалната Сала на Царството на Јеховините сведоци. Самиот види дека таа им користи и на младите и на старите. Овој состанок е отворен за јавност. За натамошни информации за школата што ти е најблизу, те молиме, контактирај со Јеховините сведоци во твојата околина.