ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/12 стр. 30
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Дали имаш побожно гледиште за алкохолните пијалаци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Имај урамнотежено гледиште за алкохолот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/12 стр. 30

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли додека ги читаше неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:

• Што би можел да направи еден христијанин кога се чувствува емоционално и духовно уморен?

Треба да утврдиме која е причината што сме уморни. Од помош може да биде ако си направиме список на навиките и работите што ги имаме и да го симнеме секој непотребен товар. Можеме да си поставиме реалистични цели што се во склад со нашите околности. Важно е да се грижиме за нашето духовно здравје, и во тоа треба да биде вклучена редовна молитва и длабоко размислување (15.8., страници 23—26).

• Зошто Јеховините сведоци го сфаќаат дословно бројот 144.000?

Откако на апостол Јован му било кажано за оваа група од 144.000, видел и една друга група, „големо мноштво, коешто ниеден човек не можеше да го изброи“ (Откровение 7:4, 9). Ако бројот 144.000 е симболичен, тогаш контрастот не би имал никаква смисла. Исус зборувал за оние што ќе владеат со него како за „мало стадо“ (Лука 12:32; 1.9., страница 30).

• Зошто еден Израелец можел да му продаде на некој туѓинец неискрвавено мртво животно?

Туѓинецот или придојденикот што не станал прозелит не бил под Законот. Затоа на еден Израелец му било дозволено да му даде или да му продаде такви животни (Второзаконие 14:21). Но, прозелитот бил обврзан од Законот и не можел да јаде неискрвавено месо од такво животно (Левит 17:10; 15.9., страница 26).

• Што е биомиметика, и зошто може да ги интересира христијаните?

Тоа е гранка од науката што се труди да ги имитира градбите што се наоѓаат во природата. На пример, браќата Рајт конструирале авион откако го проучувале летањето на големите птици. На тој начин, биомиметиката може да поттикне еден христијанин да му оддава слава на Творецот (1.10., страница 9).

• За кого се вели во 2. Коринќаните 12:2—4 дека бил однесен во рајот?

Овој извадок се наоѓа веднаш по стиховите во кои Павле го брани своето апостолство. Бидејќи Библијата не кажува за друг човек што имал такво искуство и затоа што Павле ни го раскажува тоа, веројатно тој ја имал оваа визија (15.10., страница 8).

• Кои се некои особини што го квалификуваат Исус да служи како Водач избран од Бог?

Исус задржал совршен интегритет така што се однесувал чесно и исправно. Целосно му бил оддаден на Бог. Исус имал длабок интерес за луѓето и бил спремен да работи. (1.11., страници 6 и 7).

• Каде ќе бидат демоните за време на Милениумот?

Логично, можеме да заклучиме дека за време на Христовото илјадагодишно владеење ќе бидат фрлени во бездната заедно со Сатана (Откровение 20:1—3). Во Битие 3:15 е претскажано дека на змијата ќе ѝ биде сотрена главата, што вклучува дека за време на Милениумот ќе биде фрлена во бездна. Нејзиното семе вклучува и еден невидлив дел, злобните ангели, односно демони. Тоа што тие се плашат од бездната покажува дека се свесни дека ги чека темница (Лука 8:31; 15.11., страници 30 и 31).

• Зошто човек треба да биде претпазлив кога пие алкохолни пијалаци, дури и ако не се напива до таа мера што е видливо пијан?

Некои луѓе покажуваа мали знаци на пијанство дури и кога ќе испијат неколку чаши. Меѓутоа, човек може постепено да стане зависен од алкохол и да почне ‚да робува на многу вино‘ (Тит 2:3). Исус предупредил ‚да не отежнеме од прејадување и прекумено пиење‘ (Лука 21:34, 35). Човек не мора да пие до степен на пијанство за да стане дремлив или тромав — како физички така и духовно (1.12., страници 19—21).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели