ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 15/4 стр. 30
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Сличен материјал
  • Самсон триумфира со помош на силата од Јехова!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Потпирај се на Јехова по примерот на Самсон
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Најсилниот човек
    Мојата книга со библиски приказни
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 15/4 стр. 30

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли додека ги читаше неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:

• Од која причина бил избран 25 декември како датум за да се слави раѓањето на Исус?

Во Божјата реч не е даден датумот на раѓањето на Исус. Enciclopedia Hispánica забележува: „Датумот 25 декември, на кој се слави Божиќ, не е резултат на точното пресметување на роденденот на Исус, туку на похристијанувањето на празниците посветени на зимската краткоденица“. Старите римјани го прославувале изгревањето на сонцето на зимското небо со гоштевање, лумпување и разменување подароци (15.12., страници 4, 5).

• Дали зборовите на Стефан во Дела 7:59 покажуваат дека тој му се молел на Исус?

Не. Библијата покажува дека молитвата треба да му се упатува само на Бог. Но, кога Стефан го видел Исус во визија, изгледа дека се почувствувал слободен да му се обрати директно нему, велејќи: „Господи Исусе, прими го мојот дух“. Стефан знаел дека на Исус му била дадена власт да ги воскресне мртвите (Јован 5:27⁠-29). Затоа побарал, односно го замолил, да му ја чува животната сила сѐ до воскресението (1.1., страница 31).

• Од каде знаеме дека иднината на едно лице не е однапред одредена?

Бог му дал на човекот слобода на избор и ова ја исклучува предодреденоста. Би било неправедно и без љубов ако Јехова би предодредил како ќе постапуваме во животот и потоа би нѐ повикал на одговорност за нашите постапки (Второзаконие 32:4; 1. Јованово 4:8; 1.15., страници 4, 5).

• Зошто би било дрско да се каже дека е невозможно да се случуваат чуда?

Научниците сфаќаат дека само делумно ги познаваат научните чуда што лежат во основата на Божјите творби. Затоа, некои од нив признаваат дека веќе не можат со сигурност да тврдат дека нешто е невозможно. Најмногу што си дозволуваат да кажат е дека некоја работа изгледа неверојатна (15.2., страници 5, 6).

• Зошто судијата Самсон им рекол на родителите дека сака да земе за жена една Филистејка? (Судии 14:2).

Божјиот закон забранувал брак со обожаватели на други богови (Излез 34:11⁠-16). Сепак, Филистејката била „токму таа“ (NW) што му се допаднала на Самсон. Самсон ‚барал закачка со Филистејците‘ и токму таа жена била вистинската за тој да си ја постигне целта. Бог го поддржал Самсон со Својот дух (Судии 13:25; 14:3, 4, 6; 15.3., страница 26).

• Треба ли еден христијанин да му дава пари или некаков подарок на некој државен службеник за некоја услуга?

Погрешно е да се поткупува некој службеник, да му се даде нешто вредно со цел тој да постапи незаконски, да ја изврти правдата или да ти даде некоја привилегија. Но, не е поткуп да се дадат пари или подарок на државен службеник кога тој си ја врши должноста, како и за да добиеш услуга што законски ти следува или да избегнеш неправедно да се постапува со тебе (1.4., страница 29).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели